УЛОГАТА НА МЕНАЏЕРОТ ВО НАМАЛУВАЊЕТО НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО ПРЕКУ ПРАВИЛНО МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Keywords:
менаџмент, резултати, трошоци, ефикасност, ефективност, човечки ресурси.Abstract
Основниот ресурс на секоја деловна организација го сочиниваат луѓето и нивните способности и вештини кои, доколку правилно се организирани, придонесуваат кон остварување на зацртаните цели на компанијата. Човечките ресурси креираат производи и услуги, го контролираат квалитетот, пласираат производи, управуваат со финансиските средства и ги утврдуваат стратегијата и целите на организацијата. Целта на секоја компанија е остварување на профит, преку економично производство со пониски трошоци. Трошоците се многу значајна економска категорија која што е дирекно поврзана со профитот на едно претпријатие. Човечките ресурси со нивното знаење, способности и мотивираност се основниот фактор за постигнувањето на подобри резутати на работењето. Затоа фокусот кон мотивираноста на вработените една од најчесто присутните задачи на менаџментот. Добро мотивираните вработени ќе придонесат како за поголемо производство, така и за подобар квалитет и поефикасно работење со посветеност кон намалување на трошоците. Предмет на научното истражување на овој труд е согледување на влијанието на мотивација за постигнување на ефикасно, продуктивно и ефективно работење