НАГРАДУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Keywords:
вработени, мотивација, организација, надоместоци, материјални, нематеријални.Abstract
Организацијата за да постигне добри резултати во работењето секогаш мора да има подготвени и мотивирани работници. Мотивацијата, гледано од аспект на успехот на една организација, е од голема важност за постигнување на поставените цели. Иако постојат различни теории за мотивација и ниво на мотивација, важно е да се забележи дека секоја организација прво мора да ја препознае важноста на мотивирањето на своите вработени. Надоместоците на вработените, како основен мотивациски фактор, се поврзани со резултатите од работата, а некои со самата организација. Паралелно со материјалните надоместоци, кои ја формираат основата на системот на мотивација, неопходно е да се развие и систем на нематеријални стимулации за работа, кои ги задоволуваат различните потреби на вработените во организациите, како почит, статус, флексибилност во работното време, пофалби и сл.