УЛОГАТА НА ЛИДЕРСКИТЕ ВЕШТИНИ И СТИЛИОВИ ВРЗ ПРОДУКТИВНОСТА НА ТИМОВИТЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Keywords:
лидер, лидерство, лидерски вештини, лидерски стилови, тим, тимска работа.Abstract
Глобализацијата, поделбата на трудот, зголемувањето на знаењата, развојот на технологијата, опкружувањето, економските показатели и ред други фактори, придонесоа за нов пристап, кој во својата основа го има лидерството. Модерното време, само по себе, е многу динамично и условено од секојдневни промени кои лидерите мора да ги следат за да ги остварат организациските цели. Постојаните промени во организациската структура, зголемениот проток на информации, зголемената количина на знаења, новите концепти на работење, ја појавија потребата за работа во тимови. Барањата на организациите, сè повеќе се насочени кон формирање тимови и тимски лидери, кои преку тимовите ја зголемуваат продуктивноста. Тимот претставува најсилен инструмент во современото работење и интегрален дел од потенцијалот на човечките ресурси. Клучот на успехот на тимот е самиот лидер на тимот. Лидерот мора да биде промотор на нова енергија, кој ја перципира толеранцијата како составен израз на развојот и одгледувањето на менаџерската култура. Само со внимателна поделба на улогите, точна и професионална селекција на членовите во согласност со карактеристиките на членовите на тимот, можно е да се обезбеди квалитетен и стабилен тим кој ќе може успешно да ја постигне целта на тимот и целта на организацијата. Во трудот се истакнати основните карактеристики на тимот, неговата улога, карактеристики и вештини на неговите членови и нивното настојување за одржување и унапредување на меѓусебната кохезија и подобрување на перформансите во работењето и, исто така, преку табеларен графички и пресметковен начин, дадени се резутатите на емпириското истражување и, на крајот, е преферирано мислење за успешно работење на тимот.