КРЕИРАЊЕ НА СУПЕРИОРНИ ВРЕДНОСТИ НА КОМПАНИЈАТА ПРЕКУ РАЗВИЕН МАРКЕТИНГ КОНЦЕПТ
Keywords:
стратегија, концепт, маркетинг, вредност, бренд, имиџ, тренд, Интернет, еволуција, компанија, потрошувачи, успех.Abstract
Во пирамидата на успехот на едно претпријатие, активностите за креирање и имплементирање на маркетинг стратегија е најважната одлука која ја донесува менаџментот. Создавање вредност и единственост во бизнисот, значи огромна и реална конкурентна предност на пазарот. Секоја компанија се стреми кон креирање супериорна вредност на пазарот. Во современото деловно опкружување, компаниите работат во многу брзи, комплексни и непредвидливи средини и во услови на голема конкуренција. За да опстанат во таква средина, тие мораат да креираат вредност за своите производи преку развиен маркетинг концепт за да можат, покрај тоа што ќе ги задоволат барањата на потрошувачите, за себе да обезбедат конкурентска предност, но и зголемен профит. Една од целите на претпријатието е да имплементира маркетинг стратегија која пак ќе ги оствари финалните маркетинг цели на кои се стремат маркетинг менаџерите. Со инкорпорирање на сите маркетинг активности во една стратегиска структура, се создаваат можности за да се дојде до саканата пропорција на бизнисот. Успехот на бизнисот зависи од привлечноста на дејноста во која конкурира и нејзината позиција во рамки на соодветната дејност.