ВАЖНОСТА НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА ЗА ЕКОНОМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Keywords:
Текстилни компании, производство на текстил, производство на облека, лон производство, вработени.Abstract
Текстилната индустрија во Република Северна Македонија претставува една од водечките преработувачки идустрии со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работна сила и извозот. Во оваа индустриска гранка се вработени околу 35.000 работници, што претставува приближно 27 % од сите вработени во производствениот сектор или околу 6,7 % од вкупниот број вработени во земјата. Индустријата е извозно ориентирана и учествува со околу 13 % во вкупниот бруто домашениот производ (БДП) и со 27 % од македонскиот извоз. Во однос на регионалната поставеност, текстилната индустрија просторно ја покрива целата територија на Република Северна Македонија со значителна концентарција во источниот дел од зeмјава. Најголем дел од компаниите (преку 90 %) работат според лон системот на производство, додека само 10 % може да понудат целосен пакет на услуги. Целта на овој труд е анализа на текстилната индустрија во Република Северна Македонија, како и анализа на влијанието на корона кризата врз оваа индустриска гранка.