ГЛОБАЛИЗАЦИЈА НА ЕКОНОМСКОТО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ
DOI:
https://doi.org/10.46763/YFE21221057pKeywords:
/Abstract
Без цврсто интегрирање во светските пазарни процеси и текови, компаниите не би
биле во можност успешно да ги реализираат своите економски и развојни планови. Од интерес за
развиените земји е целосна афирмација на нивниот пазарен механизам во глобални рамки, додека
пак за земјите во развој да станат активни партнери во светските пазарни процеси и односи. Поради
тоа, во процесот на трансформација (сопственичка, организациска, управувачка и маркетиншка),
компаниите мора да тргнат најпрвин од радикална промена на начинот на нивното деловно
размислување. Неопходна е промена на нивните развојни приоритети при што домашните пазарни,
деловни и технички стандарди не можат да бидат определувачки, туку мора да бидат земени предвид
меѓународните стандарди и трендови. Оттука, предмет на анализа на овој труд е меѓузависноста
и интерактивниот однос на меѓународно ориентираните компании во рамките на глобалното
економско опкружување.