АНАЛИЗА НА КРЕДИТНАТА ПОЛИТИКА И КРЕДИТНИОТ РИЗИК НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ВО 2020 ГОДИНА
DOI:
https://doi.org/10.46763/YFE21221067gsKeywords:
депозити, кредити, кредитна политика, кредитен ризик, адекватност на капиталотAbstract
Банката работи и располага со извори на средства како што се: депозити, штедни
влогови, прибрани средства врз основа на издадени сопствени хартии од вредност, кредити и
слично. Кредитната филозофија и култура на банката непосредно е преточена во нејзината формална
кредитна политика, која треба да биде во согласност со долгорочните цели и стратегискиот план на
банката.
Стратегијата за управување со кредитен ризик на Банката, ги дефинира основните цели и
генерални насоки при преземање и управување со кредитниот ризик, интерно утврдување и оценка
на потребната адекватност на капиталот, осврт на деловната стратегија на банката, евентуалните
промени на деловната стратегија и прифатливото ниво на кредитен ризик на кое банката може да
биде изложена во своето работење.