ОСВРТ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ – ЗАЕДНИЧКА АКТИВНОСТ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР И АГЕНЦИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Authors

  • Marija Gogova Samonikov
  • Verica Manceva

DOI:

https://doi.org/10.46763/YFE21221077gs

Keywords:

Закон за вистински сопственици, Централен регистар, Агенција за спречување на перење пари, Финансиска регулација.

Abstract

Поимот вистински сопственик претставува новост во македонското законодавство,
но не е непозната категорија за земјите со јасно утврдени законски нормативи. Суштината на
определувањето на вистинскиот сопственик е да се одреди физичкото лице кое на директен,
индиректен или на друг начин има сопственост над правниот субјект.
Определувањето на вистинскиот сопственик е заедничка активност на Централниот регистар
на Република Северна Македонија и Управата за финасиско разузнавање.
За таа цел во рамките на Централниот регистар се формира специјален Регистар на вистински
сопственици, не со цел да врши обична статистичка операција за вистинските субјекти, туку за
утврдување на вистинскиот сопственик на правното лице, во вистинска смисла на зборот. Регистарот
на вистинските сопственици е пуштен во употреба на 27.01.2021 година, а субјектите имаа рок од 90
дена, односно до 27.04.2021 година бесплатно да ги пријават податоците за вистинските сопственици
во Регистарот.
Поимот за вистински сопственик е предвиден уште со Законот за спречување на перење на пари
и финансирање на тероризам од 2014 година објавен во Службен весник на Република Македонија
130/2014 година од 03.09.2014 година. И покрај тоа што со овој закон била предвидена обврска за
определување на вистински сопственик на правните субјекти, оваа законска одредба доцнела поради
подоцнежното конституирање на Регистарот на вистински сопственик.
Регистарот на вистински сопственици е во функција. На субјектите кои вршат промена на
сопствениците во Трговскиот Регистар им се дава Известување да извршат промена и во Регистарот
на вистински сопственици. Доколку таа обврска ја извршат во рок од 8 дена, тогаш пријавувањето
е бесплатно. После рокот од 8 дена, пријавувањето се врши според определена тарифа која има
скалесто растење на цените.
Од регистарот за вистински сопственици произлегуваат услуги и тоа тековна состојба за
вистински сопственик како и историјат за вистинските сопственици на правните субјекти кои може
да се добијат во хартиена и електронска форма.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2021-12-20

How to Cite

ОСВРТ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ – ЗАЕДНИЧКА АКТИВНОСТ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР И АГЕНЦИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ. (2021). Yearbook - Faculty of Economics, 22(1), 77-84. https://doi.org/10.46763/YFE21221077gs

Most read articles by the same author(s)