АНАЛИЗА НА БЕРЗАНСКИОТ И ДЕВИЗНИОТ ПАЗАР ВО МАКЕДОНИЈА

  • Verica Ivanova
  • Marija Gogova Samonikov
Keywords: берза, девизен пазар

Abstract

Девизниот систем е збир на законски прописи со кои се регулира, ограничува или забранува прометот на стоки и услуги со странство, стекнувањето и располагањето со девизи, како и на сите плаќања и наплатувања со странство. Станува збор за прописи, инструменти и мерки со чија помош државата ги регулира меѓународните плаќања, со намера да избегне ситуации на несолвентност на земјата, а притоа да обезбеди рационално вклучување на националното стопанство во меѓународната поделба на трудот, како основа за остварување на задоволителен одржлив развој. Не е проблем со примена на некои од споменатите мерки да се обезбеди уредно плаќање на обврските спрема странство. Меѓутоа, проблем е ако таквата цел се остварува само со ограничувања и забрани на увозот на стоки и услуги, со ограничувања и забрани за задолжување од странство, како и со ограничувања на определени плаќања спрема странство. На тој начин целта ќе се оствари, меѓутоа, нема сомнение дека ќе се ограничат развојните потенцијали на националното стопанство што зависат од увозот, од можноста за задолжување спрема странство и од можноста за извршување на определени плаќања во странство. Девизните системи се разликуваат според степенот на ограничувањата и забраните што ги прави секоја земја во зависност од потребите. Поради тоа може да се каже дека нема два идентични девизни системи. Сепак, разликите меѓу нив се многу поголеми во помалку развиените економии отколку во развиените земји. Разликите се намалуваат со зголемувањето на степенот на либерализацијата на економските односи со странство. Во суштина, можат да се разликуваат строги и либерални девизни системи. Преку строгите девизни системи недоволно развиените земји настојуваат, покрај определени жртви поради ограничувањата и забраните, да обезбедат побрз развој на некои стопански гранки од стопанството или побрзо да достигнат определено ниво на развој на вкупното стопанство. Како предмет на тргување на берзите може да бидат: производи, услуги, валути, хартии од вредност. На стоковите берзи се продаваат производи што задоволуваат одредени стандарди пропишани од берзата и во точно утврдена количина. Како најчести производи што се наоѓаат на продажба на берза во светот се: шеќер, житарки, памук, обоени метали и слично. На девизните берзи предмет на тргување се девизи и валути. За разлика од стоковите, кај овие берзи понудата и побарувачката не е просторно сконцентрирана. Купувачи и продавачи на девизните берзи се големи банки од целиот свет коишто одржуваат постојана врска со берзата. Најзначајните девизни берзи се сместени во Њујорк, Франкфурт, Париз и Лондон.

Downloads

Download data is not yet available.

References

[1] Вјекослав Мајхснер: Проблеми меѓународних плаќања, Информатор, Загреб, 1980.
[2] Владимир Кандикјан, Томислав Гроздановски: Економика, втор дел - Макроекономика, Универзитет „Кирил и Методиј”, Правен факултет „Јустинијан Први”- Скопје.
[3] Милутин Ќировиќ: Девизни курсеви, Ведес, Београд, 2000, стр.56, 234, 350.
[4] Vjekoslav: Spoljna monetarna stabilnost i nestabilnost, Ekonomski fakultet Univerziteta, Skopje, 1966.
[5] Народна Банка на Република Северна Македонија.
[6] Официјална страна на Македонска берза. https://www.mse.mk/mk
Published
2024-01-26
How to Cite
Ivanova, V., & Gogova Samonikov, M. (2024). АНАЛИЗА НА БЕРЗАНСКИОТ И ДЕВИЗНИОТ ПАЗАР ВО МАКЕДОНИЈА. Yearbook - Faculty of Economics, 24(1), 103-113. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6356
Section
Banking and Finance

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>