Основни претпоставки за поставеноста на правниот систем во рамките на доцноосманлиската империја

Authors

  • Strasko Stojanovski

Abstract

Правниот систем во доцната Османлиска Империја вклучува повеќе аспекти на традиционалното османлиско право, правото на конфесионалните заедници и модерното европско право приспособено за користење во рамките на Империјата. Оваа рамка служи како основа за глобална општествена трансформација внатре во Османлиската Империја,но и како предуслов за утилизација на правните норми во рамките на новоформираните нации-држави произлезени од османлискиот контекст. Како резултат на ваквата основа многу аспекти на современото позитивно право на денешните балкански држави може да се поврзат со ваквите рани фази на модернизација. Раните напори за создавање на уставно базиран правен систем во 1876 и 1908 година се покажале како ентузијастички предизвик на тоа време, но во иднина послужиле како основа за трансформација на традиционално монархиски базираните системи кон создавање на модерни, секуларни нации-држави со републикански организирани политички системи.

Downloads

Published

2013-04-16

Most read articles by the same author(s)