Договор за дар во македонското право
Abstract
Во овој труд предмет на разгледување и истражување е
еден институт на договорното право, поточно договорот за дар. Трудот
се обидува да даде една што е можно покомплетна правна слика за
овој институт, истражувајќи ги облигационо-правните аспекти на овој
институт, како преку законската регулатива, така и преку теоретските
излагања, а од друга страна и преку испреплетувањата на овој институт
со одредени стварно-правни и наследно-правни институти. Исто така, во
трудот се прикажува и даночно-правниот аспект на договорот за дар, како
и влијанието на паулијанската тужба врз судбината на договорот за дар.
Клучни зборови: договор за дар, дарување, animus donandi, пренос на право на сопственост, паулијанска тужба.