ОСНОВОТ НА ГРАЃАНСКO-ПРАВНАТА ОДГОВОРНОСТ РАЗГЛЕДУВАН ВО ИСТОРИСКИ КОНТЕКСТ
Abstract
Фокусот на трудот е да го претстави основот на
граѓанско-правната одговорност во еден историски контекст. За таа цел,
најпрво накратко се определува поимот на основот на граѓанско-правната
одговорност. Потоа трудот дава приказ на овој поим во историски контекст,
следејќи ја категоризацијата според периодизицијата на стар, среден и нов
век. Поимот врз основа на граѓанско-правната одговорност во стариот век
се разгледува низ призмата на правните споменици како Хамурабиевиот
законик и Законот на 12 таблици, со давање посебен осврт на римското
право, пред сѐ, раководејќи се од неговото значење во историјата и денес.
Понатаму се проследува римско право, кое во средниот век влегува
преку византиското право и правото на франкската држава, христијанско
право и словенско право. Во рамките на византиското право, со оглед
на нашиот предмет на интерес го разгледуваме, за нас најзначајниот,
Nomos Nautikos или поморскиот закон, како и карактеристични обичајни
правни правила од словенското право. На крај, во новиот век, развојот
на идејата за основот на граѓанско-правната одговорност се проследува
преку правилата содржани во граѓанските законици од новиот век, како
и појавата и развојот на правилата за објективна одговорност во судската
практика и законодавството.
Клучни зборови: субјективна одговорност, објективна одговорност, вина, создаден ризик, справедливост