СПЕЦИФИКИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ГРАЃАНСКО-ПРАВНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НУКЛЕАРНА ШТЕТА
Abstract
Под оправдувањето дека нуклеарната енергија и
нејзината употреба во мирновременски цели даваат голем придонес
и одговараат на барањата кои ги поставува модерното општество
бил прифатен принципот на ограничена одговорност на операторот
за штетата причинета на трети лица во случај на нуклеарна несреќа.
Ова ограничување овозможило пазарот на осигурување на истапи и
да овозможи осигурување на операторот од нуклеарна одговорност.
Денеска, паралелно со меѓународниот режим на нуклеарна одговорност,
коегзистира и режимот на задолжително осигурување од одговорност
спрема трети лица во случај на нуклеарна несреќа. Тој има низа свои
специфики кои ќе бидат предмет на приказ и анализа на овој труд.
Клучни зборови: осигурителни пулови, надомест на штета,
нуклеарна штета, осигурување од одговорност