ОДНОС НА ОТШТЕТНОТО ПРАВО И ПРАВОТО НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ
Abstract
Во денешни услови на живеење многу чести се случаите на причинување на штета. Како правен однос причинувањето нa штета му припаѓа на облигационото, поточно отштетното право. Од друга страна, мошне застапен е институтот осигурување како од настанување на штета, така и осигурување од одговорност. Несомнено е дека се работи за два различни правни основи за остварување на едно суштински исто побарување. Во случај кога постои однос на осигурување, а воедно се случи и штетниот настан, се поставува прашањето каква е правната положба на оштетениот и кои правни правила треба да се применат за остварување на надомест на штета. Посебно е карактеристично прашањето на кумулација на побарувањата кои произлегуваат од овие два различни основи. Трудот претставува еден обид за приказ на правната регулатива, а паралелно со приказот ќе се обидеме да направиле и една анализа на односот меѓу отштетното право и правото на осигурување, посебно од аспект на нивните допирни точки и точки на разликување.
Клучни зборови: надомест на штета, осигурување од одговорност, договор за осигурување, кумулација на побарувања