КУЛТУРНИ РАЗЛИКИ И ПОЛИТИКИ НА ПРИЗНАВАЊЕ (СО ОСВРТ НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО)

  • Јорданка Галева

Abstract

Кога се зборува за културна разновидност или културни
разлики во рамките на едно општество, како најчесто употребувани термини
за регистрирање на нивно постоење, се користат термините културен
плурализам, мултикултуралност или мултикултурализам. Навидум
овие термини означуваат исто нешто, збир на повеќе култури, меѓутоа
истите се разликуваат во својата улога и значење. Зборувајќи за општите
културни дистинкции преку кои во современите општества се регистрира
присуство на културни разлики, научниците внимаваат да направат
разлика помеѓу концептите, културен плурализам и мултикултурализам.
Додека културниот плурализам признава егзистенција на различни
култури во рамките на истата општествена реланост и истовремено бара
да се постави една ригидна граница помеѓу јавната и приватната сфера,
мултикултурализмот се заснова на барања за признавање на културните
разлики и афирмација на еднаква вредност на различни култури. Оттука се
поставува прашањето: што е подобро да се промовира кога имаме намера
да го фаворизираме формирањето и афирмацијата на субјектот во едно
општество, во кое постојат и малцинства. Дали е тоа признавањето на
културните и социјални посебности или пак приматот на универзалните
вредности применети на индивидуите.
Македонското општество е автентичен пример за мултикултурално
општество. Меѓутоа, иако новоприменетиот политички систем воспоставен
со осамостојувањето на Македонија во 1991 година, одговори на она што
CharlesTaylorго нарекува, политика на признавање на еднаква вредност на
културите, во праксата, во одредени општествени сфери, се спроведуваше
моноетницизација, која предизвика незадоволство кај одредени малцински
етнички групи и резултураше со изнајдување на политички одговор за
вреднување и консолидација на мултикултуралноста.
Клучни зборови: мултикултуралност, мултикултурализам, културен плурализам, комунитаризам, културни разлики, идентитет

Published
2019-04-27