ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И МУЛТИКУЛТУРНИ АСПЕКТИ ВО КРАЛСТВОТО ДАНСКА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Предмет на анализа во овој труд е политичкиот систем како дел од општественото
уредување, конститутивните елементи и мултикултурните аспекти на Кралството Данска и
Република Македонија. Во трудот е направена компаративна анализа на правната регулатива,
со цел да се увиди како се регулираат овие прашања, дали постојат заеднички нишки во двата
случаи и кои се правните акти со кои се спроведуваат. Земајќи ги во предвид етничките, јазичните
и религиските идентитети на населението кое живее во двете држави, воочливо е постоење
на изразен мултикултурализам, меѓутоа доколку се споредат правните акти и политики кои
се применуваат за заштита на мултикултуралноста, во двете држави се воочуваат значителни
разлики. Мотивот за ова истражување е да се споредат две мултикултурни општества со различни
политички системи, а со цел да се увиди дали државното уредување влијае врз уредување на
мултикултурните прашања.