МЕЃУНАРОДЕН И НАЦИОНАЛЕН КОНТЕКСТ НА ПРАШАЊЕТО ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА ОД СТРАНА НА ВОЗРАСНИ ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО

  • Олга Кошевалиска
  • Александра Роглева

Abstract

Заштитата на децата од различни форми на насилство претставува своевиден
морален и законски императив на современата казнено – правна регулатива со која се уредува
предметната проблематика. Агресијата врз децата во сите нејзини форми е сеприсутен феномен
во современото општество, кој за жал дури и на денешниот степен на демократски достигнувања,
претставува сериозна повреда на нивниот интегритет. Раководени од идејата дека заштитата на
детскитеправаенужноствоостварувањетонанивнатаблагосостојба,намеѓународноинационално
ниво во континуитет се евидентни заложбите за врамување на разните форми на насилство врз
децата во соодветна правна рамка. Истовремено, не изостануваат ниту напорите за подобрување на
ефективноста на постојните механизми и сервиси за заштита, преку континуирано валоризирање
на практичните достигнувања во оваа област, кога станува збор за институционалната заштита на
децата во ризик и децата кои веќе станале жртва на насилство. Анализата на различните форми
на насилство и занемарување на децата, е особено важно прашање од глобален интерес, бидејќи
ваквите поведенија потенцијално го загрозуваат психофизичкиот интегритет на кревката детска
индивидуа, а како такви претставуваат директна повреда на основните детски права содржани
во Конвенцијата за правата на детето. Оттука, основната идеја на овој труд е да се утврди каков
е пристапот на меѓународната заедница и националното законодавство во справувањето со
проблемот на насилство врз деца во современи услови, како една од најзначајните претпоставки
за создавање на „Свет по мера на децата“.
Во современи услови, покрај различните форми на насилство што децата ги трпат од страна
на возрасни лица кои настапуваат од позиција на авторитет и моќ над нив, особено актуелни се
врсничкото насилство и сајбер насилството како релативно нов облик на злоупотреба на детските
права, што му дава дополнителна тежина на проблемот. Сепак, со оглед на тоа дека фокусот во
овој труд е ставен на виктимизирањето на деца од страна на возрасни, во оваа прилика нема
подетално да ги разгледуваме.

Published
2021-01-29