ЗНАЧЕЊЕТО НА УСТАВНАТА ЖАЛБА ВО КРЕИРАЊЕТО НА ИНСТИТУЦИОНАЛНИОТ ОДНОС НА МЕЃУ УСТАВНИТЕ СУДОВИ И ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Abstract
Во овој труд е анализирано прашањето за значењето на уставната жалба во
градењето на институтионалниот однос на уставните судови и Европскиот суд за човекови права.
Најчесто како предмет на контрола на уставноста и законитоста пред Уставниот суд се општите
правни акти, законите и подзаконските акти. Но, создавањето на уставната жалба дозволи освен
општите акти предмет на контрола на уставноста да бидат и поединечните акт, односно актите
на судските и управните органи. Токму уставната жалба како правен институт овозможува да се
содадат правни услови за воспоставување на специфичен однос меѓу посебна меѓународно-правен
судски систем и националните органи на држава против која е изјавена индивидуална жалба пред
Европскиот суд за човекови права, и на тој начин да се креира јуриспруденцијата на Судот, збир
на правила со кои непосредно се влијае во правниот систем на засегнатата држава. Влијанието
на уставната жалба го овозможува фактот дека во системот на правни лекови пропишани во
националното право, е последниот правен механизам кој треба да се искористи пред постапката на
одлучување да добие меѓународни аспекти. Од институционалната комуникација не е исклучена
ниту Македонија. Иако нашиот правен систем не предвидува уставна жалба, туку посебно правно
средство наречено „барање за заштита на човековите права“ кое во извесна мера потсетува на
уставната жаба имплементирана во најголем број европски држави, сепак може да се примени
пред Уставниот суд. Од суштинско значење за институтионалната комуникација меѓу уставните
судови и Европскиот суд за човекови права е прифатениот систем за местото на меѓународните
договори во домашниот правен поредок.