ПРАВНИ АКТИ, МАТЕРИЈАЛНИ ДЕЈСТВИЈА И ПРОПУШТАЊЕ КАКО ПРЕДМЕТ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД НА МАКЕДОНИЈА И ВО СПОРЕДБЕНОТО ПРАВО

  • Дејан Савески

Abstract

Во овој труд е анализирано прашањето кои правните акти може да бидат предмет на контрола на уставноста во посебна постапка пред уставниот суд со изјавување на уставна жалба. Најчесто како предмет на контрола на уставноста преку уставната жалба се поединечните акт, но во одделни правни системи уставната жалба може да биде изјавена и против општи правни акти. Постепената еволуција на уставната жалба овозможи освен правните акти, предмет на овој правен институт да бидат и материјалните дејствија - аворитетна активност на државните органи кои преку дискрециона волја во пракса ја спроведуваат примената на законите. Исто така, постапката за заштита на човековите права пред уставниот суд може да биде поведена и кога повредата на тие права е последица на непостапување (пропуштање) на државните органи. Изведената констатација за предметот на уставната жалба е резултат на споредбената анализа. Правниот систем на Република Македонија во одредени сегменти е прилично рестриктивен. Според правните правила кои се на сила, предмет на барањето за заштита на човековите права може да бидат само поединечните правни акти и материјалните дејствија на државните органи за спроведување на општита правни акти. Во Македонското позитивно право општите правни акти не може да биде самостоен предмет на барањето за заштита на човековите права во постапка пред Уставниот суд.

Клучни зборови: уставна жалба, барање за заштита на човековите права, Уставен суд, поединечни правни акти, материјални дејствија, пропуштање на државните органи.

Published
2020-06-20