ПОЛИГРАФСКО ИСПИТУВАЊЕ

  • Тодор Витларов

Abstract

Полиграфот е инструмент конструиран на начин што истовремено ги регистрира
промените во крвниот притисок, пулсот, дишењето или т.н. електродермални реакции на лицето кое
се испитува. Според поранешното законско решение, пред донесувањето на Законот за кривична
постапка од 2010 година беше пропишано, дека полиграфското тестирање во предистражната
постапка, може да го користи Министерството за внатрешни работи (чл.143 ст.3 од ЗКП), за лице
за кое постојат основи на сомневање дека сторил кривично дело (во предистражна постапка), но
само по претходна негова писмена согласност. Примената на полиграфското тестирање, според
постојните позитивни прописи, единствено е пропишано во Законот за полиција (пречистен текст
од 2018), како полициско овластување. Целта на неговото користење е откривање на сторители
на кривични дела (во предистражна постапка) и потребна е претходна согласност на лицето
кое се испитува. Испитувањето на полиграф е помошно истражно средство, но не е доказно
средство.

Published
2023-02-07