ПОТВРДУВАЊЕ НА ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА ДИГИТАЛНИТЕ ДОКАЗИ

  • Вероника Рашковска
  • Драги Рашковски

Abstract

„Помодерните“ судски власти се чини дека стануваат се повеќе свесни за потребата
од разгледување на автентичноста на дигиталните податоци, без разлика дали се утврдува дека
се гласини/рекла-кажала или не, во корист на поопшта и флексибилна грижа за веродостојноста.
Основата за одредување на веродостојноста на компјутерски генерираните информации во
голема мера се разликува од онаа на физичките докази. Иако потеклото на доказите секако мора
да се утврди, барањата во однос на дигиталните податоци не се исти како и за физичките докази.
Дигиталните податоци се речиси целосно зависни од поткрепено сведочење кое има мала, или
воопшто нема, врска со автентичноста на содржината за која се бара да се допушти. Критериумите
за утврдување на допуштеноста на компјутерски генерираните информации мора да побаруваат
прикажување зголемена веродостојност.
Дигиталната форензика несомнено е висока техничка област заснована на наука:
компјутерски науки, математика, физика итн. Тоа е и област која бара познавање од инженерство,
особено електроинженерство, машинско инженерство и системско инженерство. Процесот на
примена на науката и инженерските дисциплини е сложен и бара стручно размислување кое
понекогаш помалку наликува на наука, а повеќе на уметност. Токму заради тоа, потврдувањето
на веродостојноста на дигиталните докази не е само правен предизвик, а можеби е и помалку
правен, отколку технолошки предизвик, поради што, веродостојноста во најчест случај ќе се бара
да биде потврдена од ИТ експерти.

Published
2023-02-07