ДАЛИ РИМСКИОТ ДОГОВОР ЗА ОРТАКЛАК (SOCIETAS) ЖИВЕЕ ВО ОПШТИОТ ИМОТЕН ЗАКОНИК ЗА ЦРНА ГОРА ОД 1888 ГОДИНА

  • Анета Атанасовска – Цветковиќ
  • Александра Јовановиќ

Abstract

Денес, договорот за ортаклак претставува правен основ за здружување на средства и труд на ортаците (две или повеќе лица) со цел заедничко остварување на имотна корист и нејзина поделба. Неспорно, се работи за еден често употребуван договор во трговските односи и економијата, од најстари времиња па до ден денешен. Авторите на овој труд се бават со договорот за ортаклак од римско време, кога се, од историско – правен аспект, втемелени правните правила нему наменети користејќи го историскиот метод на проучување. Компаративниот метод авторите го користат да би го утврдиле постоењето на римските правни правила и нивното влијание врз правните правилата кои се применувале за договорот за ортаклак во еден конкретен историски период и во еден значаен нововековен законик за Балканскиот полуостров – Општиот имотен законик за Црна Гора од 1888 година. Целта на овој труд е уште еднаш да се укаже и потврди значењето на римското право и неговата рецепција во кодификациите на Новиот век, а со тоа да се прикаже и еден мал дел од “еволутивниот пат до современиот правен живот“ на еден значаен римски договор – договор за ортаклак (societas).

Published
2024-02-20