РЕЦЕПЦИЈА НА РИМСКИТЕ ПРАВИЛА НА ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ (MUTUUM) ВО СРПСКИОТ ГРАЃАНСКИ ЗАКОНИК ОД 1844 ГОДИНА
Abstract
Денес, во согласност со законските нормативи, договорот се за заем
се дефинира како: договор со кој заемодавецот се обврзува да му предаде на
заемопримачот определен износ пари или определено количество други заменливи
предмети, а заемопримачот се обврзува да му го врати по извесно време истиот износ
пари, односно истото количество предмети од ист вид и квалитет. Од современата
дефиниција може да се заклучи дека се работи за често користен договор и од страна на
физичките и од стана на правните лица со цел задоволување на потребите при водењето
на своите професии и професионални животи, но и при редовниот живот. Целта на овој
труд е да се прикаже истиот договор во еден конкретен историски период, периодот на
моќниот Рим и правилата на римското право нему наменети. Во исто време, трудот ќе
даде одговор на прашањата дали и во која мера се реципирани овие правила во еден друг
историски контекст – Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и тогаш важечкиот
правен акт Српскиот граѓански законик донесен 1844 година.
Клучни зборови: правни правила, римско право, закон, историја, заем