РИМСКИОТ MANDATUM (ДОГОВОР ЗА ПОЛНОМОШНО) ВО СРПСКИОТ ГРАЃАНСКИ ЗАКОНИК НА ХАЏИЌ

  • Анета Атанасовска-Цветковиќ

Abstract

Римското право на денешното, современо право и современите правни системи
остава спектар на права и правни институти чија примена е обележје на современиот правен
живот. Ваквото наследство ги наметнува прашањата: Како овие институти доспеале на овие
простори? Во која мера правилата за овие институти поставени уште во римското право се денес
реципирани? Во овој труд, авторот разгледува еден од многуте наследени римски институти кои
се создаваат во Рим и стануваат дел од римското право. Станува збор за римскиот mandatum
(договор за полномошно) чии почетоци датираат од периодот на римската Република. Овој
римски институт на просторите на бивша Југославија доспева преку Српскиот граѓански
законик. Авторот ќе ги наведе основните правила за mandatum (договор за полномошно) кои
биле карактеристични за Рим. Компарацијата на mandatum (договор за полномошно) во Српскиот
граѓански законик ќе прикаже колку римските правила се пренесени и втемелени во овој законик.
Во овој труд, на крајот, ќе се утврди постоењето, силното влијание и рецепцијата на римското
право кај конкретниот правен институт во Српскиот граѓански законик на Хаџиќ.

Published
2021-01-29