РИМСКИОТ EMPTIO - VENDITIO (ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА) ВО ФРАНЦУСКИОТ CODE CIVILE ОД 1804 ГОДИНА

  • Анета АТАНАСОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ

Abstract

Несомнено, договорот за купопродажба е еден од секојдевно користените
договори во правниот живот. Не постои индивидуа која бар еднаш во животот не го има
искористено овој договор, а сé со цел да продаде или купи некоја потребна ствар. Кога говориме
за овој договор, од научен аспект не смееме да изоставиме, а да не напоменеме дека станува
збор за договор кој е повеќе од доволно обработен и разработен во мноштво трудови и правна
литература нему посветена. Оттука, уште еднаш, овој договор ќе биде предмет на уште еден труд,
но од аспект римското право и Францускиот граѓански законик, нам добро познатиот Code Civile
од 1804 година. Имено, целта на овој труд ќе биде да се прикажат основните карактеристики на
овој договор, римскиот институт emptio-venditio и неговите правила кои важеле во римско време
и, ако истите тие правила се отскликани во Францускиот Code Civile, во која мера се преземени и
адаптирани на тогашното француско општество. На крајот на краиштата, овој труд има за цел да
прикаже еден правен институт во два конкретни и големи историски периоди, кои, на светската
цивилизација и развојот на правото и правната мисла оставаат неспорен траг кој е присутен и до
ден денешен.
Клучни зборови: историја, Наполеон Бонапарта, закон, Рим, нормативи, правни правила.

Published
2022-02-04