НАСЛЕДУВАЊЕТО И НАСЛЕДУВАЊЕТО НА ВИНОТО ВО РИМСКОТО ПРАВО
Abstract
Виното како производ, како пијалок е од искона познат. Низ историјата, се
чини дека виното од секогаш е присутно на трпезите и е дел од исхраната, а се произведувало
како од грозје, така и од останати овошки кои можат да ферментираат (капина или малина).
Белешки за виното наоѓаме и во Светото Писмо, Библијата како и во најраните законици познати
на цивилизацијата. Во овој труд, авторите примат ќе дадат на еден историски правен систем
- римското право кое остава систем од трајни вредности и сè уште е актуелно во сферата на
науката и научните истражувања. Во фокусот на овој труд се наоѓа прикажувањето на виното, кое
се сметало за генеричка ствар (res) во стариот Рим, од аспект на наследувањето. Целта на овој
труд ќе биде претставување на римските правни правила кои се однесувале на наследувањето и
наследувањето на виното во согласност со истите, а притоа ќе се користи историскиот метод. Исто
така, цел на овој труд е и да се прикаже виното во конкретен историски период, да се прикаже
дека во римското право и нему му посветуваат и постоеле посебни и специфични правни правила
во наследувањето.