ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОБАРУВАЧКА ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН
Abstract
Имајќи предвид дека Дојранскиот регион е дефиниран како стратегиска туристичка локација во рамки на кластерот езерски туризам во Македонија, трудот прави приказ на можноста за проектирање на неговите туристички движења. Темелено на позитивниот тренд на досегашниот туристички развој, направен е обид да се предвидат идните туристички движења набљудувани во пошироки регионални рамки. Акцентирана е потребата од примена на квантитативните методи за предвидување на туристичката побарувачка како основа за креирање методолошка рамка за иден туристички развој. Применет е методот на двојно експоненцијално порамнување преку два основни модела. По тестирање на прецизноста, предложен е модел за предвидување на бројот на туристи до 2014 год.
Downloads
Published
2015-04-24
Issue
Section
Articles