УЛОГА НА ИНТЕРНЕТОТ ПРИ ИЗБОР НА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТУРИСТИЧКО ПАТУВАЊЕ
Abstract
Во туристичката индустрија се е поголем бројот на услуги кои се пружаат на туристите а се засноваат на примена на интернетот. Денес интернетот е секојдневна потреба на луѓето кои своите барања ги реализираат по електронски пат од било кое место и во било кое време. Употребата на специјализирани софтверски апликации компатибилни со модерните електронски уреди како и интеракцијата меѓу туристите и туристичките дестинации отвараат една нова димензија во туризмот. Многу важни сервиси во рамките на е-туризмот се апликациите за пребарување и резервација на летови, сместување, влезници за различни туристички атракции и знаменитости. Бројот на корисници на интернет во Северна Македонија од година во година расте на што укажуваат податоци на Државниот завод за статистика. Цел на овој труд е да истражи колку од корисниците на интернет ги бираат туристичките дестинации и го организираат нивното туристичко патување преку интернет.Од 72 анкетирани лица корисници на интернет на возраст од 18-74 години 44% ја избираат туристичката дестинација преку интернет.Мажите при организација на аранжманот за туристичко патување се потпираат на сопствената организација (52,5%). Додека жените во најголем процент ги користат услугите на туристичките агенции (53,2%).Организацијата на поедини позиции од патувањето укажува дека во однос на сместувањето кај висок процент од 68% тоа се прави лично преку интернет. Во однос на превозот скоро половината користат сопствен превоз додека четвртина користат резервација на патување преку интернет.
Клучни зборови: е-туризам, специјализирани софтверски апликации, корисници на интернет