АПИТУРИЗАМ КАКО НОВА ДИМЕНЗИЈА ЗА ПАТУВАЊЕ НИЗ ШАР ПЛАНИНА

  • Арбен Халили
  • Мислим Зендели

Abstract

Туризмот како економска активност и како општествен феномен насекаде е посакуван и затоа и наоѓа место во развојните политики на речиси секоја земја. Многубројни се мотивите за туристички патувања и истите од ден на ден се модифицираат создавајќи нови форми на туризам. Една од овие е апитуризмот-туризмот за лубителите на пчелите и медот. Овој нов сегмент на туристичката побарувачка се совпаѓа со уникатноста на патувањата истовремено едуцира и развива одговорност за природната, културната и општесвената средина. Апитуризмот е нова туристичка дестинација кај земјите кои имаат далечни традиции на развој на рурален туризам како Словенија, Полска, и сл, земји со развоено пчеларство но и богато искуство во оваа нова туристичка понуда. Филозофиjата и концептот на новиот вид на туризам се базира во лубовта кон природата, посебно кон системот на функсионирање на пчелите а која што се однесува на макотрпната работа, организацијата како и хармонијата која што ја имаат пчелите во текот на нивниот животен век. Шар Планина е познато подрачје за зимските спортови на Балканот, но малку се знае за нејзините специфични предели, флора и фауна, соодветна клима и свеж воздух, услови потребни за одгој на пчели. Постоечката туристичка инфраструктура но и чистата вода и воздух, разноличниот биодиверзитет погодни за пчеларството во овие предели претставуваат можности за развој на овој нов облик на одржлив туризам, впрочем ова е и целта на овој труд да се иницираат ваквите нови видови на развој на туризмот во овие предели

Клучни зборови: апитуризам,пчеларсто, развој, традиција, туризам

Published
2021-12-07