ПРЕДИЗВИЦИ И ИНОВАЦИИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРОПЕРАТОРИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПЕРИОДОТ ОД 2019 ДО 2021 ГОДИНА

  • Билјана Николовска

Abstract

Во современото општество, самото работење во сферата на туризмот е предизвик, пред се поради бројната конкурентност на пазарот, а потоа и гледано од аспект на појавата на нови технологии и иновации. Туроператорите имаат бројни предизвици кои ги поттикнуваат да креираат нови атрактивни понуди за клиентите, да изнаоѓаат нови дестинации, се со цел да постигнат одржлив развој и опстанок. Како се наведено да е мал предизвик во туроператорското работење, во 2020 година на светот му се случи Ковид пандемијата која зададе голем удар на целата светската економија, а особено на туристичките агенции и туроператори. Предмет на истражување на овој научен труд се македонските туроператори и нивното работење низ призма на три последователни години, односно, периодот од 2019 година до 2021 година. За потребите на овој труд беше спроведено истражување преку анкетни прашалници во кое вкупниот број на испитаници изнесува 86 лица. На база на спроведеното истражување на територијата на Р С Македонија дојдено е до сознанија за квалитетот и успешноста во работењето на туроператорите во 2019 година, компаративно со предизвиците кои следеа во 2020 и 2021 година, како и иновативните техники со кои се служат туроператорите за да опстанат на пазарот. Начини и иновации преку кои туроператорите постигнувале и постигнуваат одржливост и конкурентност

Клучни зборови: туроператори, предизвици, иновации, конкурентност, одржлив развој.

Published
2021-12-07