ОРГАНИЗАЦИЈА И КЕТЕРИНГ НА ДЕЛОВНИ НАСТАНИ НИЗ ПРИЗМА НА МАКЕДОНСКИТЕ КЕТЕРИНГ КОМПАНИИ
Abstract
Креативното и иновативно работење на кетеринг компаниите несомнено ќе им донесе поголем број на клиенти, и гледано низ таа призма, секоја компанија која нуди кетеринг услуги треба да посвети внимание на светските трендови и иновации во сферата на организирање и кетеринг на деловните настани. Организацијата е значајна функција во менаџментот на настани преку која менаџерите за настани влијаат на структурата и активностите кои ќе се одвиваат за време на настанот. Кетеринг компанијата треба на клиентите да им понуди настан за паметење, односно целта на компанијата треба да биде да го воодушеви клиентот и сите присутни, стејкхолдери, партнери и сл. Не постојат готови решенија и рецепти за успех, па поради тоа за потребите на овој труд беше спроведено истражување преку електронски анкетни прашалници, преку што се дојде до сознание за алатките, техниките и стратегиите кои ги користат македонските организатори на настани и даватели на кетеринг услуги.Преку истражувањето е направена анализа и на очекувањата на барателите на кетеринг услугите и постигнување на бараниот резултат. Во истражувачкиот примерок беа вклучени вкупно 136 испитаници, од кои 80 вработени во кетеринг компании и 56 лица кои ангажирале кетеринг компанија за организација на деловен настан. Како краен резултат од истражувањето е претставена компаративната анализа на добиената услуга, наспроти очекувањата на клиентите. Целта на трудот е да се изнајдат најсоодветните алатки за креирање на настан по светски стандарди согласно очекувањата на македонските клиенти.
Клучни зборови: кетеринг, организација, деловен настан, организација, стратегии.