СОВРЕМЕНИ ФОРМИ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРИЗАМ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ГРАДСКИОТ И ЕВЕНТ ТУРИЗМОТ
Abstract
Развојот на туризмот во градовите е важно истражувачко прашање во последните неколку декади.Интересот на истражувачите во областа на туризмот произлегува од напорите да се укаже на важноста на градовите како туристички дестинации со изразена мултифункционалност на просторот и ресурсите.Градскиот туризам е еден од иновативните начини за користење на постојната структура на ресурси за дизајнирање на нов туристички производ, што ќе им овозможи на градовите да бидат поконкурентни на меѓународниот туристичкиот пазар. Компаративните предности на градскиот туризам се рефлектираат во можноста за градовите да обезбедат соодветно искуство за различни туристички демографски профили и повеќе мотиви за патување. Покрај тоа, во споредба со другите видови туристички дестинации, во градовите влијанието на сезоната е многу помалку изразена, што ни укажува во текот на целата година и униформен прилив на туристи. Современите туристички трендови укажуваат на растечки интерес на туристите за пократки и почести одмори во текот на годината, што се реализираат во градовите на повидок т.н. City break патување. Таквата тенденција придонесува за раст на привлечноста на градовите како туристички дестинации, што дополнително се рефлектира во реализација на целите на голем број превозници на туристичката понуда.Предметот на истражување, со кое се занимава овој труд, е развој на градскиот туризам и евент туризмот во Република Северна Македонија.Со цел да се има објективен и аналитички пристап кон предметот на истражување,извршена е детална анализа на постојната туристичка понуда на клучните играчи во развојот на градски туризам и на евент туризмот во Република Северна Македонија.
Клучни зборови: градски туризам,евент туризам, City break, Република Македонија, управување, туристичка дестинација.