МЕНАЏМЕНТ НА АНИМАЦИЈАТА ВО ТУРИСТИЧКО - УГОСТИТЕЛСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

  • Златко Јаковлев

Abstract

Анимацијата во туризмот и угостителството има посебно значење и свои специфичности. Тоа произлегува од специфичностите на туризмот, што во различен обем и интензитет опфаќа различни стопански и нестопански дејности. Анимацијата во туризмот и угостителството во овој труд се разгледува како специјалност на менаџери за анимација, како креатори на анимациски програми и стручно образовани и специјализирани кадри - аниматори. Но, истовремено треба да се апострофира дека анимацијата не може и не треба да биде професија само на менаџерот и аниматорот. За ефективно и ефикасно реализирање на програмите на анимацијата во туризмот и угостителството, неопходна е тимска работа во која партиципираат сите членови од туристичкото претпријатие, а аниматорот е рамноправен член на деловниот тим.

Клучни зборови: менаџмент, анимација, туризам, туристичко - угостителски претпријатија

Published
2021-12-07