ПРИМЕНА НА МЕТОДОЛОГИЈАТА НА ДИГИТАЛНИ ЛОГИЧКИ СИСТЕМИ ВО ТРАНСПОРТОТ ВО ТИМОКОМ ЛОГИЧКИ СИСТЕМ
Abstract
Целта на трудот е да се докаже важноста на дигитализацијата и ширењето на логичките системи во транспортот, нивното работење како и нивно унапредување и усовршување преку примена на различни научно-методолошки методи. Во трудот се прикажани базични податоци за логистичките системи преку вовед во работата, новите трендови на логистиката кои ги наметнува денешното време, начинот на функционирање и стремежот во иднина. Анализирани се софтверот за бизнис интелегенција, системот за управување на возниот парк, интелегентниот систем и системот за следење на возила. Исто така е анализиран и синтетизиран начинот на функционирање на германскиот логички систем Тимоком кој е еден од водечките системи во Европа, алатките, платформите кои ги користи, новитетите на дигитализацијата кои го прават системот совршен за функционирање во сите транспортни и диструбутивни мрежи. Со самата примена на логичките системи во транспортот, транспортните компании имаат можност полесно да ги откријат потребите и очекувањата на клиентите, да ги откријат своите недостатоци и да ја подобрат својата продуктивност.
Клучни зборови: Е-ЦМР, POD доказ за испорака, транспортна платформа, ГПС систем, ТМС – систем за управување на транспортот.