МОДЕЛИ НА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЕКОНОМИЈАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЈА
Abstract
Битен е исто така и надворешниот и внатрешниот раст на организацијата. Надворешниот раст преку моделите на човечки ресурси е фокусиран преку хоризонталната и вертикалната интеграција како и концентрична интеграција, а истиве се постигнуваат со: преземање претпријатие во иста фаза на производно пазарниот синџир (добивање нов пазар), како и преземање претпријатија коишто немаат ништо заедничко со постојните претпријатија.
Клучни проблеми за примена на моделите ќе ќе бидат: интеграција, рефундација, реструктуирање, а како импликација ќе се јави потреба да се одредат способностите на вработените и преземените претпријатија, интеграција на системот за тренинг, методите и процедурите на споените претпријатија и изградбата на тимот и примена на квалитетен вредносен систем.
Стратегијата на внатрешен раст го става фокусот преку: развој на пазарот и развој на производите и иновациите, а начините на постигнување на внатрешен раст се зголемување на продажбата на постојните производи, како и проширување на дистрибутивните канали.
Клучни зборови: раст, модели на развој, механички модел, ресурси и стратеги.