ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Abstract
Современите процеси на глобална интеграција и изразена здравствена и економска криза предизвикани од влијанието на вирусот Ковид-19 го менува претприемничкиот концепт на работа на претпријатијата. Социјалното претприемништво претставува современа форма на претприемништво преку која се заменува или надоградува традиционалниот пристап на претприемништвото. Социјалното претприемништво претставува процес на континуирано спроведување нeкономски активности под одредени услови на работење со активна вклученост на марганализирани групи во општеството. Поради тоа од голема важност за унапредување и развој на овој вид претприемништво е примената на соодветни политики и практики. Политиките претставуваат сет, збир од правила на однесување во рамки на претпријатијата кои го олеснуваат процесот на одлучување. Практиките имаат за цел подобрување или усовршување на определени организациски однесувања и дејствувања. Бидејќи социјалното претприемништво и социјалните претпријатија се карактеризираат со специфични карактеристики во рамките на овој труд ќе биде даден теоретски приказ и дефинирање на термините социјално претприемништво и социјално претпријатие како и факторите кои влијаат на креирањето на адекватни политики и практики.
Клучни зборови: социјално претприемништво, социјално претпријатие, модел, политики, практики
JEL classification: K38; D63; F53; Z18;