ВИЗНАТА ПОЛИТИКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ДОГОВОРОТ ОД ЛИСАБОН: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ
Abstract
Трудот има за цел да ја претстави визната политика во рамки на Европската унија според Договорот од Лисабон и се концентрира на тешкотиите во креирањето на заедничка визна политика на европско ниво. Соработката за визи се карактеризира со континуирано преформулирање на рамката за соработка. Трудот ја опишува соработката и еволуцијата на Шенгескиот систем и последните измени со Договорот од Лисабон, следејќи ги суштинските карактеристики на заедничката визна политика - ограничување, флексибилност и зависност од активностите како на институциите, така и на државите-членки. Од формирањето на Шенген-зоната, управувањето со границите во рамки на Европската унија и заедничката политика за визи се меѓу областите кои претрпеа најмногу измени со Договорот од Лисабон. Сето тоа овозможува поголема контрола во однос на тоа кој може да има пристап до Шенген-зоната за краток престој што не надминува три месеци во секој шестмесечен период. Фокусирајќи се на најновата реформа на Заедничкиот кодекс за визи, кој стапи на сила во 2020 година, трудот упатува дека новиот пристап кон условеноста во правото на миграција на ЕУ го консолидира поврзувањето помеѓу визната политика на ЕУ и соработката за реадмисија. Сепак, трудот дава критика на новиот механизам, додека Европската комисија има мандат да предложи конкретни мерки на ограничување поврзани со обработката на визите во случај на недостаток на соработка, особено за реадмисија. На крајот, трудот преку заклучокот ги нагласува дискриминаторските ефекти од визната политика на ЕУ и влијанието врз соработката со трети држави.
Клучни зборови: виза, визна политика, реадмисија, Заеднички кодекс, дискриминација