ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЛИЧНОСТА И ПОЗИЦИЈАТА НА РАБОТНОТО МЕСТО
Abstract
Операционализацијата на управувањето со личноста, што често се извршува од страна на издавачите на комерцијални тестови и консултанти за управувањето со човечки ресурси, има позитивни и негативни аспекти кои ќе ги споменеме неколкупати во овој труд за да ја илустрираме тензијата (а некогаш и оддалеченоста) меѓу психометриските истражувања и теории за личноста, и организациските практики во процена на личноста при нови вработувања, процена на изведбата и други клучни активности поврзани со однесувањето и поицијата на личноста.
Целта на овој труд е да обезбеди преглед на литературата што се однесува на истражувањето на личноста на работното место. Исто така се нагласува прашањето на проблематичните односи меѓу науката на истражувањето и теоријата на личноста од една страна, и практиката на проценка и мерење на личноста во организациите од друга страна.
Во литературата што се занимава со личноста на работното место доминираат описите на врската на личноста како предиктор на работната изведба; ова прво ќе биде ревидирано. Меѓутоа, полето не е ограничено на ова, исто така се обезбедува преглед на други клучни области од истражувањето на личноста на работното место, на пример, во однос на контрапродуктивното однесување на работа, избор на професија/кариера, и конечно негативното влијание на мерењата на личноста во организациската психологија. Клучни зборови: личност, одговорно однесување, лидерство.