ЕКОТУРИЗМОТ КАКО СПЕЦИФИЧНА ТУРИСТИЧКА ФОРМА ВО НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРКОВИ НА РС МАКЕДОНИЈА

  • Љупчо Јаневски
  • Климент Наумов

Abstract

Во последната деценија еко-туризмот се повеќе се наметнува како посебен облик на туристичка понуда во РС Македонија. Токму нашата земја поседува одлични потенцијали за континуиран расвој на еко-туризмот за кој е потребно соодветно да се валоризира во насока на заштита на природните ресурси и концептот на оддржливост на туристичката дестинација. Еко-туризмот може да се развива во националните паркови и заштитените подрачја односно неговите форми можат да се пронајдат и во останатите облици на туристичка понуда која нема негативно влијание врз животната средина. Состојбата со пандемијата создаде нова туристичка реалност во која се повеќе туристите престојуваат во дестинации со природа, мали сместувачки капацитети, локална храна и  практикувајки активни форми на туристичка понуда во кои еко-туризмот зазема водечка улога. Практикувањето на мекиот и тврдиот еко-туризам  во националните паркови, заштитените подрачја и руралните предели со специфична флора и фауна овозможува дирекно учество на локалното население во неговото практикување. Практикувањето на оваа туристичка форма и мултипликативниот нејзин ефект создава услови за дирекни финансиски бенефити и позитивно поместување во локалната економија.

Клучни зборови: Еко-туризам, оддрливост, дестинација, национални паркови , туристичка дестинација

Published
2021-11-19