РЕГИОНАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ПЛАНИНСКИОТ ТУРИЗАМ ВО РС МАКЕДОНИЈА

  • Никола В. Димитров

Abstract

Планинскиот туризам на македонските планини е туристички актуелен процес кој егзистира повеќе децении. Во статијата, се истражува планинскиот туризам преку регионален пристап. Во емпириското истражување се изнесени малку познати податоци за планинарството, скијањето, алпинизмот, други рекреативни и спортски активности, сместувачки капацитети, атрактивни локалитети и други факти за планините во региони. Посебно внимание во истражувањето се посветува на анализа на статистичките податоци за движење на туристичката посета во осумте плански региони со посебен осврт на најважните планински локалитети и општини. Целта на овој труд е преку анализата на туристичкиот промет да се согледа местото, улогата и проблемите со кој се соочува македонскиот планински туризам.

Клучни зборови: планина, туризам, регион, посета, промет

Published
2021-11-19