ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО УСЛОВИ НА КОВИД ПАНДЕМИЈА: НОВИ ПРАКТИКИ, СТРАТЕГИИ И ПОЛИТИКИ
Abstract
Со појавата на вирусот Ковид-19 и пандемијата на светско ниво се предизвикаа значителни промени во севкупниот живот и работа на луѓето и претпријатијата. Мерките
за ограничувањата на движењето на луѓето заради безбедносни причини, заштита на личното здравје и ширење на вирусот, од своја страна предизвикаа и ограничувања и
рестрикции во работата на претпријатијата. Во услови на ограничено движење и опасност од заразно заболување, можностите за работа станаа ограничени, па голем број
претпријатијата и прекинаа со работа. Токму, лошите услови во окружувањето, неизвесноста и секојдневните промени предизвикани од пандемијата, ги поттикнаа
претприемачите да имплементираат нови практики во работењето. Новите практики кои ги применуваат претприемачите се поврзани со зголемениот степен на примена на
дигитализацијата во работењето на претпријатијата, практикување на работа од дома за работата која може да се извршува од далечина, креирање на онлајн работни состаноци за потребите на компаниите, воведување на интернет продажба и практикување на придобивките од примена на социјалните медиуми во процесот на комуникација ипромоција. Поради тоа, предметот на истражување во овој труд се фокусира кон согледување на видот на промените во организацијата на работата и практиките кои ги применуваат претприемачите за да се прилагодат на новонастаната состојба предизвикана од Ковид-19 пандемијата. Во заклучокот од трудот ќе бидат презентирани согледувања и препораки за потребата од примена на современо претприемништво во работата на компаниите, преку имплементирање на нови потфати и стратегии во работата на претприемачите.