МЕНАЏИРАЊЕ НА ЧОВЕЧКИРЕ РЕСУСИ ВО МАЛИТЕ; СРЕДНИ И ГОЛЕМИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Емануела Есмерова
  • Мирко Трипуноски
  • Драшко Атанасоски

Abstract

Економијаката на менаџментот и менаџментот на човечки ресирси е инкорпориран во секој сегмент на модерните корпорации, било тоа да се од производниот сектор,
услужните дејности, во образованието или во секоја организирана форма. Оттаму, се наметнува потребата од големата потрага по компетентни личности, заради
претставување на најзначајниот клуч на успехот. Значењето на менаџментот се рефлектира и во перманентниот пораст на менаџерските работни места. Оние личности
што докажале дека ја имаат неопходната способност за да бидат успешни менаџери, добро се покажале во однос на своите квалификации. Во рамките на деловните претпријатија каде што работењето не може да се замисли без активностите на менаџментот, истиот се смета за своевидна технологија која што овозможува ефикасност и ефективност во фирмите Менаџментот има огромно влијание во економиката на претпријатијата и наоѓа примена во сите фази на модерната организација: производните менаџери управуваат со производните активности во зависност од видот на производството во дотичното претпријатие, маркетинг менаџерите водат перманентна грижа за целокупните маркетинг активности, персоналните менаџери ја обезбедуваат компанијата со стручна и продуктивна работна сила

Published
2022-06-06