ПРЕДЛОГ ТУРИСТИЧКА РЕГИОНАЛИЗАЦИЈА НА Р.С. МАКЕДОНИЈА

  • Nikola Dimitrov

Abstract

Регионализацијата означува тенденција на формирање на региони со давање овластувања на централната власт во рацете на локалната власт. Во статијата се презентира туристичката регионализација на просторот на РС Македонија. Се користи метод на научна споредба. Во текстот се поместени неколку туристички регионализации а се предлага и нова. Првата туристичка регионализација е изработена во 1968 година со седум региони, втората во 1971 година со шест региони, третата во 1985 година со три региони и четврта во 2002 со десет региони. Во последните две децении туризмот во РС Македонија забележува континуиран раст во сите делови на државата. Поаѓајќи од ова, предлагаме нова регионализација со осум региони. Целта на трудот е преку компаративна
анализа да се презентираат сите досегашни туристички регионализации и да се промовира нов предлог на туристичка регионализација. Новиот предлог, треба да биде добра основа при изработка на туристичката регионализација во новиот Просторен план на РС Македонија.

Published
2022-06-12