УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИ АПАРТМАНИ ВО РУРАЛНА ПЛАНИНСКА СРЕДИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Истражувањето во овој труд има за цел согледување на моменталната состојба и потенцијалот за креирање квалитетен автентичен апартмански производ во Крушево кој успешно ќе се промовира на пазарот преку унапредување на деловните процеси во апартманското работење. Преку истражување, анализа и интерпретација на добиените резултатите треба да се покаже квалитетот на услугите кој се нуди во туристичките апартмани, преку мерење на задоволството на гостите од услугите кои ги добиваат во апартманските објекти. На таков начин се добива јасна и објективна слика за моменталната состојба за квалитетот во апартманските објекти во Република Северна Македонија, со посебен акцент во рурална планинска средина. Добиените резултати може да се користат за креирање на модели за унапредување на деловните процеси, сè со цел да се остварат што е можно повисоки деловни резултати на задоволство на сите заинтересирани страни.