ЗАДОВОЛСТВОТО И НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРЕСТОЈ

  • Cane Koteski
  • Gorgi Petkoski

Abstract

Туристичката мотивација зазема едно од централните места во туризмот. Таа треба да одговори на некои круцијални прашања: зошто луѓето се вклучуваат во туристичките движења? Зошто сакаат да патуваат и да трошат финасиски средства? Зошто на извесно време сакаат да го напуштат местото на постојано живеење и да одат на други, а често пати и непознати места? Која е внатрешната сила што ги мотивира на активност? Со други зборови која е внатрешната и надворешната мотивација на посетителите да се вклучат во туристичките текови и да престојуваат во некое туристичко место и од кој престој ќе бидат
задоволни или незадоволни? А тоа е во зависност од тоа дали ги здоволиле своите туристички мотиви т.е. потреби. Република Северна Македонија е земја со богато природно и културно наследство и ги поседува сите предуслови за развој на туризмот. За да се утврди кои од тие поединечни сегменти се водечки во севкупниот туристички производ, потребно е најпрво да се направи нивна анализа. Со тоа ќе се утврди со кои производи Република Северна Македонија може да биде конкурентна на пазарот, но и ќе се одредат и потенцијалните туристички производи кои во иднина треба да се пласираат на пазарот преку туристичката промоција, а со тоа ќе се задоволат потребите на посетителите.

Published
2022-06-12