ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРЕСТОЈ

  • Gorgi Petkoski
  • Zlatko Jakovlev

Abstract

Примената на промоцијата во туризмот има посебно значење и свои специфичности. Тоа произлегува од специфичностите на туризмот, што во различен обем и интензитет опфаќа голем број на стопански и вонстопански дејности. Сепак, од стопанските дејности во туризмот, најзастапено е угостителството, а во рамките на тоа, хотелиерството со својата сместувачка рецептива. Тоа е причината што овде акцентот е ставен врз практичната примена на одредени промотивни активности во овие дејности, во склоп со нивните специфичности. Доста заначајно прашање е промотивниот аспект за време на туристичкиот престој. Секојдневниот пораст на туристичкиот пазар и сé поголемата конкуренција меѓу давателите на услуги доведува до зголемување на потребата од
креирање нови, препознатливи и автентични туристички производи кои сами по себе ќе бидат привлечни за посетителите, а туристичката дестинација преку промотивните активности ќе добие „белег“ по кој посетителите ќе ја препознаваат на пазарот.

Published
2022-06-12