УПРАВУВАЊЕ СО ЗАДОВОЛСТВОТО НА ГОСТИТЕ ВО РЕСТОРАНОТ
Abstract
Одлуките за избор на угостителски објекти туристите ја донесуваат во зависност од тоа дали понудата што се нуди ги исполнува нивните потреби и дали ќе им овозможи незаборавно искуство. Тие сакаат да ја запознаат локалната култура, да стапат во контакт со локалното население, да го запознаат националниот фолклор, гастрономијата, да посетуваат фестивали, музеи, галерии итн. Сето ова го прави квалитетот на туристичката понуда. Денес најбарани угостителски објекти се оние што им овозможуваат на туристите да се анимираат со разни активности, кои ја негуваат традицијата и ја прилагодуваат понудата кон интересите, потребите, мотивацијата и однесувањето на туристите. Целта на управувањето со квалитетот во угостителството е да ги идентификува мотивите
за потребите на современите туристи во услови на глобализација, степенот кој влијае на побарувачката и да се наведе кој гастрономски производ да се развие за да привлече поголем број на посетители во угостителскиот објект. Многу е важно да се создадат одредени „препораки“ за тоа како да се направи угостителскиот објект атракција, се со цел да се постигне поголемо задоволство кај туристите со престој во него. Истражувањето на пазарот овозможува подобро одредување на маркетинг целите и стратегиите. Квалитетот се практикува секој ден, според сите, сè додека не стане составен дел од бизнисот. Овде се поставува прашањето дали може на корисниците на угостителските услуги да се понуди квалитетот што го бараат: високо ниво на услуга по ниска цена - тоа
е она што клиентот секогаш го бара.