КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГАСТРОНОМИЈАТА ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН НА РС МАКЕДОНИЈА

  • Горан Антониевски
  • Агим Асани
  • Зенун Зенуни

Abstract

Во рамките на ова истражување главна цел е да се осознаат и прикажат сите гастрономски потенцијали, гастрономската култура и гастрономските навики на населението во источниот регион на Р.С.Македонија, односно подетално да се истакнат гастрономските производи, традиционалните специјалитети и гастрономски настани кои ја збогатуват националната гастрономска понуда а истовремено имаат придонес во промоцијата на традиционалната кујна. За да се обработат карактеристиките на гастрономската понуда ке биде обработено и етимолошкото значење на гастрономијата преку различни ставови и
дефиниции од повеќе автори. За подобрување на гастрономската понуда и поголема застапеност на регионалните продукти во понудената листа на јадења во истажувањето ке бидат вклучени гостите во угостителските објекти од источниот регион на Р.С.Македонија. При изработка на овој труд кој претставува актуелна и недоволно обработена тема во подрачјето, користев повеќе научни методи преку кои ке се реализира целта на конципираниот предмет на истражувањето. Во разработката на овој труд се користат кабинетски истражувања и користење на соодветна литература од познати експерти од областа на угостителството и туризмот. Во изработката на трудот се опфатени и теренски истражувања со користење на итернетот кој изобилува со секундарни податоци, додека преку анкетен прашалник кој ке биде наменет за гостите ќе ги добиеме примарните податоци кои ќе бидат обработени со помош на анализа. Од истражувањето ќе се добијат податоци за карактеристиките на гастрономската понуда која им овозможува на посетителите да се запознаеме со   препознатливите продукти и автентични јадења од источниот регион. 

Published
2022-06-12