ХОТЕЛИТЕ И ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ КЛУЧНИ ЗА РАЗВОЈОТ НА РЕЦЕПТИВНИОТ (ДОЈДОВЕН) ТУРИЗАМ ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН

  • Agim Asani
  • Zenun Zenuni

Abstract

Тетовскиот регион располага со голем број на хотели и туристички агенции кои функционираат благодарение на големиот број на туристички движења и на туристичките ресурси со кои располага овој регион. Овие ресурси овозможуваат во овој регион да се развијат неколку селективни видови на туризам како: културен туризам, рурален туризам, зимски туризам, планински туризам, спортски туризам и др. Неопходно е развојот на туризмот во Тетовскиот регион да се поддржува од сите инволвирани страни почнувајќи од државните институции, локалната власт, приватните партнери и бизниси, но практички главните промотори треба да бидат туристичките агенции и хотелите. Во интерес на сите е Тетово да се развие како една привлечна туристичка дестинација,
позната не само во регионот туку и во светот, со што придобивка ќе имаат не само туристичките агенции и хотелите туку и локалното население и економијата воопшто. Локалните туристички агенции и хотели во соработка со туроператорите и локалната власт треба да се ангажираат за развој на дојдовниот (рецептивниот) туризам, со цел да привлечат што повеќе туристи, кои ќе престојуваат што подолго и за време на тој престој ќе добијат атрактивна туристичка понуда од сите видови туризам што постојат во овој регион и кои ќе бидат спакувани во вид на аранжман. Во првиот дел од истражувањето, кој е теоретски дел, се прави преглед на литературата за темите: туристички агенции, хотели, туроператори и со посебен осврт на рецептивниот туризам, додека во вториот дел се реализира емпириското истражување на овие теми со конкретна анализа и прибирање на податоци во Тетовскиот регион.

Published
2022-06-12