УСВОЈУВАЊЕ НА ФИЛОЗОФИЈАТА НА TQM (ТОТАЛЕН МЕНАЏМЕНТ НА КВАЛИТЕТ) ПРЕКУ ГРАДЕЊЕ ДОБАР СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Elizabeta Mitreva

Abstract

Истражувањето во овој труд има за цел да понуди нов модел во организацијата на деловните процеси преку проактивното работење кое започнува со анализа на деловната организираност, потоа се продолжува низ анализата на барањата на интерните и екстерните купувачи, а се завршува со детално дефинирање на процесот. Управувањето со процесите како клучен фактор за освојување на купувачите, значи континуирана потрага по најдобри технички, технолошки, маркетиншки и други унапредувања и подобрувања кои ќе ги произведат саканите резултати, а тоа е задоволството на потрошувачите и профитот.

Стремежот на македонските компании треба да биде во правец на создавање услови за пласман на македонските производи/ услуги со повисок квалитет на светските пазари. Во многу компании нема јасна слика и идеја што треба да се усоврши. Политиката е јасна, но стратегијата како да се дојде до целта, за многу менаџери е голем проблем.

Усвојување и имплементација на оваа методологија може да доведе до унапредување на деловните процеси, сè со цел да се остварат што е можно повисоки деловни резултати на задоволство на сите заинтересирани страни.

Published
2023-05-22